Јагуриновски, Димитриоски и Карапалевски доминираа на Куп средбата со Текстилец

За Вардар1961 средбата од осминафиналето од Купот на Македонија против Текстилец беше само обичен тренинг. Дури и без најдобрите во состав, на вардарци им требаа само неколкумина играчи за да се справат со тимот на Текстилец. Доволни беа Јагуриновски, Димитриоски и Карапалевски кои заедно постигнаа вкупно 37 гола, трипати повеќе од вкупниот број на головите на гостите.

Ова беше меч од осминафиналето на Купот на Македонија и како победници вардарци се пласираа во четвртфиналнит егрупи.

Одбраната на Вардар лесно се справи со гостинските напаѓачи, а потоа најмногу преку брзи контри на Димитриоски и Јагуриновски брзо направи резултатска предност.

За Вардар1961 сезонава дебитира и пивотменот Стефан Атанасовски кој иако е дете на Вардар, во првиот дел од сезоната настапуваше за екипата на Работнички.

* ФОТО-ГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

Вардар1961 - Текстилец 47-11 (22-5)
ВАРДАР1961: Јагуриновски 14, димитриоски 13, Карапалевски 10, Дисингер, Калараш, Гаџа, Талески 3, Векиќ 3, Атанасовски 4, Кантегрел, Кизиќ.

 

понеделник, 22 февруари 2021 - 22:53

Share on Facebook