Ја завршивме сезоната со победа во Прилеп

Вардар го одигра и последниот натпревар во Супер лигата, на гости кај Прилеп и забележа победа со 38-34. Со тоа ја заврши сезоната со перфектен скор од 10 победи во 10 натпревари во плејофот.

Со пехарот веќе во витрините нашите ракометари не можеа лесно да најдат стимул да му се спротивстават на мотивираниот домаќин кој тргна со сите сили против Вардар. Иако ние го отворивме резултатот со 2-0, Прилеп не само што беше рамноправен, туку и често водеше во првите 20 минути.

Сепак, прашање беше на време кога нашите ракометари ќе наметнат темпо и тоа се случи во моментите кога имавме негатива од 7-10. Со серија од 4-0 го презедовме водството, а потоа направивме уште една, со три гола едноподруго за да водиме со 15-12. Оваа предност се задржа и на паузата кога беше 18-15 за Вардар.

Во второто полувреме веќе немаше дилеми дека ќе си ја однесеме победата во Скопје. По само неколку минути игра предноста порасна до 22-16, плус шест гола кои се покажаа највисоко водство на натпреварот, а ги имавме уште во неколку наврати. Последно беше 37-31 во завршните минути, пред Прилеп да го направи поразот поподнослив.

Со максимални 30 бода Вардар и формално го освои првото место на табелата, Металург е втор со 24, Макс Струмица трета со 15, а Прилеп четврти со 12. Дното го избегна Охрид со девет бода, а Работнички заврши поледен во плејофот без ниту еден освоен бод.

 

Прилеп - Вардар 34-38 (15-18)

Прилеп: Илиоаски, Раичиќ, Трајкоски, Тодороски 2, Талевски 5, Шокоски 3, Ѓорѓиески 7, Петкоски 2, Спасески 1, Петрески, Бозароски 2, Стефановски, Секулиќ 5, Ангеловски 2, Турченко 1, Јанески 3.

Вардар: Милиќ, Ангелов, Стоилов 2, Тоскиќ 2, Манасков 12, Македа 2, Деревен 5, Карачиќ 2, Лазаров, Циндриќ 3, Горбок, Шишкарев 6, Марсениќ 4.

вторник, 31 мај 2016 - 20:09