Извонредниот Штербик е голман на колото во ЛШ

Одличната форма, двоцифрениот број на одбрани против Нант и триумфот на Вардар во 2. коло од лигата на шампионите го ставија Арпад Штербик во преден план како еден од клучните играчи за нашиот триумф.

ЕХФ повторно му се поклони на нашиот голман кој е избран во идеaлниот тим на колото.

Вардар со 27-23 го победи Нант за наш максимален учинок по двете кола во ЛШ.

Во друштво на Арпад Штербик во ова коло се наоѓаат и:
ГОЛМАН - Арпад Штербик (Вардар)
ЛЕВО КРИЛО - Валеро Ривера (Барселона)
ЛЕВ БЕК - Каро Биелецки (Кјелце)
СРЕДЕН БЕК - Мате Лекај (Веспрем)
ДЕСЕН БЕК - ЛАсло Наѓ (Веспрем)
ДЕСНО КРИЛО - Матјаж Брумен (Горење)
ПИВОТМЕН - Бјарте Мирхол (Скјерн)

Видеото од идеалниот тим на колото можете да го видите тука.

понеделник, 25 Септември 2017 - 08:37