Известување за натпреварите на РК Вардар

Ги известуваме сите навивачи и симпатизери на РК Вардар дека во следните 30 денови сите натпревари на кои нашиот клуб е домаќин ќе се играат без присуство на публика.

Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство

Истото се однесува за сениорските екипи и сите екипи во младински категории.
Поради истата мерка нема да имаат тренинзи и натпревари ниту членовите на Ракометната Академија на Вардар.

среда, 11 март 2020 - 11:11