Информација за оние што купија билети за Ф4 во Келн

Сите оние што досега купија билети за натпреварите од Ф4 турнирот во Келн истите ќе можат да ги подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански".

Замената ќе се врши со приложување на електронските ваучери што се добиваат при купувањето на истите билети. За да може да присуствуваат на натпреварите во Келн треба да ги имаат билетите.

Во продажба остануваат уште многу малку билети за двата натпреварувачки денови на Ф4 турнирот во Келн. Истите се во продажба преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk

среда, 17 мај 2017 - 11:47