Информација за билети за дуелот Кил - Вардар

За сите оние што сакаат да го гледаат и бодрат тимот на Вардар на гостувањето во Германија, во соработка со домаќинот Кил обезбедени се билети и посебно место за навивачите на македонскиот тим.

Билетите за тој натпревар се веќе во продажба. Истите може да се купат он - лајн на следната адреса ( https://www.eventimsports.de/ols/thwkiel/de/championsleague/channel/shop/areaplan/venue/event/359209 ).

За навивачите на Вардар обезбеден е делот 4.B6 каде може да бидат сите заедно.
Тоа е дел за гостинските навивачи.

Натпреварот Кил - Вардар е закажан за 5 февруари 2020 година во 19 часот.

 

 

петок, 24 јануари 2020 - 11:16