И на терен и на трибини – срцата ни бијат за Вардар

Семејството Максимовски многу често е на трибините во СЦ „Јане Сандански" и навива. Особено кога се играат натпреварите од младинските селекции и од Вардар Јуниор лигата. И во големата и во малата сала секогаш има родител кој ги поддржува младите ракометари кои во срцата ја носат црвено – црната боја. Поддршката е особено важна за децата кои се натпреваруваат, а во семејството Максимовски ги има три и сите се дел од семејството на Вардар.

Најстарата Наталија е дел од пионерската селекција на Вардар кај тренерот Анжела Платон, додека Надица и Јоаким се членови на Ракометната академија Вардар и се натпреваруваат во Вардар Јуниор лигата.
Јоаким, 10 годишно момче кое веќе 5 години тренира ракомет во Кисела Вода Вардар, вели дека е прекрасно кога имаше две сестри кои може да ти помогнат да ја подобриш играта.

„Моите ракометни идоли се моите сестри. Сите го сакаме Вардар, ама имаме заедничка страст која не врзува силно – а тоа е ракометот. Интересно ми е и на натпревари и на тренинг. Го правам она што го сакам, а од моите сестри мислам дека Наталија најмногу го сака ракометот, додека јас најмногу тренирам со Надица. Иако поретко, и Наталија ми покажува како да се подобрам. Преку лето тренираме заедно, најчесто во двор", вели Јоаким.

Toj веќе неколку години се натпреварува во лигата, но учествува и зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" во организација на Ракометната академија Вардар.

„Од секогаш беше интересно да се играат натпревари и преку играта да ги учиме ракометните вештини. Можноста да се запознаваат деца од другите градови ни ја даде лигата и турнирот, но за мене најинтересна ми е оваа сезона. Играме на голем терен, како професионалците. Со Мартин и Трајче од мојата екипа сме одлично воиграни, но заедно со тренерот Билјана Пецевска учиме да градиме тимски дух", вели Јоаким.

Наталија, која на теренот ќе ја препознаете по бројот 21 на пионерскиот дрес и помалата сестра Надица, која се натпреварува за екипата на Драчево Вардар, веднаш ќе препознаете дека се роднини. И двете ракометот почнале да го учат во школата на Кисела Вода Вардар, која е дел од Ракометната академија Вардар. И на двете заедничка особина им се натпреварите од Вардар Јуниор лигата и од зимскиот турнир.

„Почнав во Вардар Јуниор лигата и сега сум дел од пионерската селелкција, што значи дека тренираме многу почесто и попрофесионално. Сега ми е шеста година како тренирам ракомет и убаво е чувството што по мене и Надица и Јоаким го одбраа ракометот. Најголема инспирација и мотивација ни беа првите тимови на Вардар, особено машката екипа многу нѐ инспирираше. Јас и сестра ми бевме воодушевени од женската екипа и сакавме да станеме како нив, а брат ми голема мотивација најде во машката екипа на Вардар. Сакаше да биде како Стојанче Стоилов", вели Наталија и дополнува дека секогаш тема за муабет им е ракометот: „Си раскажуваме кој колку гола дал, како си поминале, дали играле добро, убаво е што независно од возраста нешто нѐ поврзува".

Според Надица, сепак најголемиот идол ѝ е сестра и. Надица има 12 години, а ракомет тренира 5 години.

„Почнав со тренинзи зашто ми се допаѓаше ракометот, чувството кога даваш голови. Но мислам дека ако не беше сестра ми и нејзината решеност да игра, немаше ни јас да почнам со тренинзи. Наталија и мајка ми често ме советуваат што да поправам во играта, но за успешни резултати морам да се борам сама. Учествувам на сите натпревари што ги организира академија, зашто сакам да научам повеќе, да станам подобра. Преку лигата научив како да бидам дел од тим, да дадам сѐ од себе и да си помагаме со тимот да успееме", вели Надица.

Кога не е на теренот, пак, седи во публика и навива за брат и или за сестра и.

„Или играме или навиваме, ама најважно е дека сите се поддржуваме", вели Надица.

За поддршката се согласува и Наталија, особено и за онаа што ја добиваат од родителите. Вели дека мајка им не ми дозволува да пропуштат тренинг зашто и во салата секогаш може да научат нешто ново

„Точно е дека со секојдневни тренинзи и со многу работа се постигнуваат Пионерската лига стартуваше крајот на март и се надеваме дека и таму ќе освоиме прво место. Се натпреваруваме и на кадетското првенство. На крајот од минатата година не очекував, но со екипата освоивме прво место на турнирот во Белград, што е доказ дека треба да се верува и ако се работи ќе се успее", дообјаснува Наталија.

Пред нас се финалните натпревари од Вардар Јуниор лигата, како и од пионерското првенство. Се гледаме во сала!

вторник, 9 април 2019 - 15:28