Горбок успешно опериран во Загреб

Нашиот лев бек Сергеј Горбок денеска имаше операција на коленото во Загреб кој мина во најдобар ред. На почетокот на месецов Горбок на тренинг го повреди коленото, а потоа беше утврдено дека се работи за предните вкрстени лигаменти.

Горбок од Загреб треба да се врати во Скопје, каде во следните неколку месеци ќе трае процесот на рехабилитација и доколку биде сѐ како што треба на крајот од оваа сезона тој би можел да настапува за „црвено-црните".

На Горбок му посакуваме побрзо заздравување и враќање на теренот.

среда, 19 Септември 2018 - 23:00