
На првиот меч од четврт-финалето во лигата на шампионите Вардар се враќа триумфално од гостувањето во Германија. Го победивме Флензбург со 26-24 (15-9) и сме на чекор до пласман на завршниот турнир од лигата на шампионите.
На прес-конференцијата после мечот тренерот на Вардар, Раул Гонзалес и бекот Алекс Душебаев потврдија дека останува уште една борба, за неколку денови во Скопје. Само половина од работата е остварено.
Раул Гонзалес - тренер на Вардар
„Флензбург играше одлично. Во првото полувреме нашата одбрана беше одлична и нашиот голман перфектен. Но, потоа Флензбург играше многу подобро и успеаја да намалат. Мораме да знаеме дека ова е само прво полувреме, и дека Флензбург игра многу брзо и многу убаво. Ги очекуваме во Скопје.“
Алекс Душебаев - играч на Вардар
„Одигравме добро вечерва. Сите од тимот одиграа добро. Ова е само прв дел. Ние сме само 50 отсто поблиску до Ф4, но во Скопје знаеме дека ќе биде исто тешко. Флензбург има добар тим. Тие играа добро и верувам ќе имаме уште еден неизвесен натпревар.