Гонзалез: Горд сум на сите играчи

Вардар го повтори ланскиот успех на почетокот на сезоната со четирите триумфи по ред во групната фаза од лигата на шампионите. ПИК Сегед повторно заминува поразе, овојпат со 30-27, а тренерот Раул Гонзалез изјави дека е год на неговите играчи за прикажаната игра.

Раул Гонзалез - тренер на Вардар

„ Пик Сегед одигра многу добар натпревар вечерва. Ние не го започнавме добро првото полувреме. Одбраната не беше добра, а имавме и многу грешки во нападот. Во второто полувреме ја променивме одбраната, а и со Милиќ на голот се направи разлика. Ова беше тежок натпревар за нас , Пик Сегед е одличен тим и јас сум горд на моите играчи оваа вечер.Задоволен сум од победата но мораме да ја продолжиме победничката низа и да триумфираме и во Загреб следното коло "

Тимур Дибиров - играч на Вардар

„ Натпреварите со Пик Сегед се секогаш вака тешки и завршуваат на ваков начин. Тие се екипа која не можеш да ја добиеш со поголема разлика. Секоја топка беше важна за нас, среќни сме со победата. Вечерва направиваме голема работа. Нас не нè интересира колку е резултатот дали ќе победиме со еден и повеќе разлика, важно е дека запишавме два бода "

Пастор Гомез - тренер на ПИК Сегед

„ Мислам дека одигравме добар меч и во напад и во одбрана, но сепак е недоволно да се победи вака силен противник како Вардар. Секој натпревар во наша група е тежок, мора да се бориш за секоја топка. Овој натпревар беше посебно тежок за нас. Честитки за Вардар и им посакувам среќа во понатамошниот дел од натпреварувањето "

Денис Бунтиќ - играч на ПИК Сегед

„ Навистина се боревме оваа вечер и лут сум на себе за грешките кои јас ги направив. Одигравме добар меч и жал ми е што не направивме нешто повеќе "

недела, 16 октомври 2016 - 20:16