Гонзалес: Спремни сме за ЛШ

Триумфот на Вардар против Мешков 31-23 (17-14) во СЕХА Газпром лигата е последниот меч за „црвено-црните" пред почетокот на групната фаза од лигата на шампионите.
Вардар повторно покажа одлична игра особено во одбраната.

Раул Гонзалес - тренер на Вардар
„Среќен сум дека за победата против Брест, тие имаат олдичен тренер и одлични играчи. Ние бевме многу митовирани и секогаш ни е тешко да играме против нив. Не смеевме да се опуштаме, ако сакаме успех против Брест. Се согласувам со Бебешко дека нашата одбрана беше одлична и среќен сум што победуваме пред стартот на Лигата на шампионите и мислам дека сме спремни за настап."

Даниел Ѓорѓески - голман на Вардар
„Како и на дуелот против Металург кога победивме со 9 голови разлика, така и на овој натпревар влеговме одлично. Одигравме одличен натпревар, влеговме самоуверени и мотивирнаи уште од самиот старт и мислам дека нашата одбрана беше пресудна за нашата победа.

Вид Потеко - Играч на Мешков
„Вардар е многу добар тим, ова беше многу тежок меч за нас. Не одигравме најдобро што знаеме, но се надеваме дека следниот натпревар ќе бидеме многу подобро подготвени."

Сергеј Бебешко - тренер на Мешков
„Сакам да им честитам на екипата на Вардар за оваа победа. Тие беа добри во одбраната, а во вториот дел и во нападот. Се виде дека се работи за одлична екипа. Ние направивме се што можевме но на крајот го загубивме мечот. Се чини дека бевме испразнети психички и физички по победата над Целје, но сега формираме нова екипа на која ќе и треба малку време, сепак мислам дека сме на добар пат и се надевам дека на следните мечеви ќе бидеме многу подобри." – изјави тренерот Бебешко.

 

петок, 8 Септември 2017 - 21:34