Гол-шоу на Дибиров за 133. СЕХА победа на Вардар

Крилниот играч на Вардар постигна 11 голови од 14 обиди, а заедно со Иван Чупиќ и Даниил Шишкарев заедно постигнаа 27 гола од вкупно 44 на тимот.

Петкратниот СЕХА шампион Вардар уште еднаш покажа знаење, трпеливост и конзистентност во играта и ги освои трите бода на дерби натпреварот од А групата на СЕХА Газпром лигата. Вардар го победи Мотор Запорожје со 44-37 (20-19) и со шест победи сега е лидер во групата. Ова беше 133. победа за „црвено-црните" во регионалното натпреварување во деветт сезони досега.

Тимур Дибиров имаше гол-шоу. Крилниот напаѓач на Вардар постигна 11 голови од 14 обиди, а заедно со Иван Чупиќ и Даниил Шишкарев заедно постигнаа 27 гола од вкупно 44 на тимот.

Гостите од Украина дојдоа во Скопје без седум важни играчи, што значеше дека Вардар е фаворит на натпреварот. Но, првото полувреме го покажуваат спротивното. Младите играчи на Мотор покажаа максимална мотивација и концентрација и цело време имаа резултат што ги одржуваше во игра. Нашите момци имаа водство, но Вардар не успеа да направи голема гол разлика и најмно што имаше беа два гола предност.

 

Играчите на Мотор играа брзо, лесно и едноставно. Тоа во 25 минута им донесе на гостите од Запорожје првпат имаа предноста од двата гола 15-17. Но, Вардар брзо направи пресврт и на полувремето имаше водство од 20-19. Тоа беше најава за интересен натпревар.

Во нашиот тим ги немаше Даинис Криштопанс и Сергеј Горбок, а Павел Атман иако беше во составот воопшто не влезе во игра. Голманот на гостите Александр Билји во овој дел имаше осум одбранети и беше еден од играчите што не дозволија Вардар да направи поголемо водство.

Од друга страна, Вардар рамноправно ги користеше голманите: Гедбан, Кугис и Кизиќ. Сите добија шанса да бранат по околу 20 минути, а ладиот Марко Кизиќ брзо го покажа својот потенцијал и направи неколку важни одбрани за неколку минути. Вардар „избега" на 28-23 за 39 минути.

Кизиќ доби и голема поддршка од трибините и навивачите го скандираа неговото име. Одбраната на Вардар продолжи со нивниот препознатлив стил и нападот беше прецизен. Ова му овозможи на Вардар да ја задржи својата предност до крај и да ја зголеми до „плус 7".

Грижа за тренерот на Вардар би можела да биде повредата на Кристијан Дисингер. Тој мораше да излезе уште во втората минута од натпреварот, откако се пожали на болки во зглобот на ногата и не се врати на теренот до крајот на мечот.

Вардар утре заминува за Полска каде во сабота повторно ги очекува важен и неизвесен натпревар во ЕХФ лигата на шампионите против Кјелце.

 * фото галерија од натпреварот

 

Вардар - Мотор 44-37 (20-19)

ВАРДАР: Гедбан (1 одбрана), Кугис, Кизиќ (5 одбрани), Стоилов 2, Кукуловски 1, Димитриоски 2, Сикошек Пелко 5, Дисингер, Атман, Скубе 2, Калараш 4, Чупиќ 9, Дибиров 11, Шишкарев 7, Ќосевски, Горпишин.

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ: Билји (11 одбрани), Будко, Рубан, Вујовиќ 12, Нагавијалхосеини 3, Близњук, Турченко, Хурин 1, Кравченко 8, Касаи 3, Миноцки, Тиутиуник 6, Паровинчак 4.

среда, 13 ноември 2019 - 23:45