Гоце Георгиевски петти вардарец во сениорската репрезентација на Македонија

Нашето десно крило Гоце Георгиевски ќе биде на подготовките на сениорската репрезентација на Македонија за дуелите со Финска и Швајцарија во квалификациите за пласман на ЕП 2022. Тој доби дополнителна покана од селекторот Данило Брестовац и од вечерва се приклучува на соиграчите во националниот тим.

Тој е наш петти ракометар што е повикан во репрезентацијата на Македонија, по Стоилов, Кизиќ, Мишевски и Талески. Со своите национални репрезентации се уште и Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер. Патрик Валчак и Марко Вујин остануваат во Скопје, бидејќи Полска и Србија ги откажаа своите собири и планирани натпревари.

Георгиевски е стандарден член на на сениорската репрезентација на Македонија играјќи на последните големи натпреварувања во серија.
Македонија ќе игра против Финска на 4 ноември во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски", а потоа на 7 ноември гостуваме кај Швајцарија.

понеделник, 2 ноември 2020 - 18:07