Гласај за Тимур Дибиров за место во All Star тимот на ЛШ

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е номиниран за најдобар играч на таа позиција сезонава во ЕХФ лигата на шампионите. Во конкуренција се вкупно шест играчи, а навивачите со гласање ќе изберат кој е најдобриот играч на таа позиција.

Може да се гласа преку апликацијата на ЕХФ и гласањето ќе трае до среда, 15 јуни на полноќ, а идеалниот тим на сезоната ќе биде објавен на 17 јуни.

Гласајте преку следниот линк https://app.eurohandball.com/ 

среда, 1 јуни 2022 - 18:47

Share on Facebook