ЕХФ ги избра Душебаев и Шишкарев во топ-5 гола на колото

Алекс Душебаев и Данил Шишкарев беа избрани од магазинот на ЕХФ ТВ во петте најубави гола за второто четвртфинално коло од Лигата на шампионите.

Човекот кој го постигна најубавиот гол во минатото коло од Лигата на шампионите, Данил Шишкарев и овој пат доби место меѓу петте избрани. Шишкарев го држи петтото место со еден од своите вртени специјалитети, а Алекс Душебаев, пак, го освои високото трето место, со еден негов дрибилнг од кој Арон Палмарсон се измести од место.

И покрај одличната игра и ремито во Веспрем, ниеден од ракометарите на Вардар не се најде во најдобрите седум на колото. Таму имаше место за Мирко Алиловиќ и Ласло Наѓ од Веспрем, потоа за Доминик Клајн и Жоан Кањелјас од Кил, Михал Јурецки од Кјелце, Ласе Сван од Фленсбург и Тин Контрец од Загреб.

 

 

понеделник, 2 мај 2016 - 11:21