Двојната одбрана на Штербик во Топ-5 на колото во ЛШ

Навикнавме во секое коло од ЛШ да има некој наш ракометар во еден од изборите, а тоа продолжува и сега по 7. коло во кое Вардар како гостин го победи ППД Загреб со 29-23.

Овојпат имавме две успешни одбрани на Арпад Штербик, и тоа во ист напад. Хрватскиот првак немаше никакви шанси против одбраната на „црвено-црните" и уште помалку против Штербик.

Нашиот голман мечот го заврши со 17 одбрани, од што дури 13 имаше во првото полувреме. Вардар останува лидер во А групата од лигата на шампионите со 13 бода од седум натпревари.
Вардар и натаму ја има најдобрата одбрана во ЛШ, со само 162 примени гола, и најдобра гол разлика (+ 27).

Кои се петте најдобри одбрани на колото, и која одбрана на Штербик влезе во изборот можете да погледнете ТУКА.

 

понеделник, 13 ноември 2017 - 09:28