Двајца тренери на Вардар добија диплома „Мастер коуч“

Вардар ги доби првите домашни лиценцирани тренери од највисоко ниво „Мастер коуч". Симе Симовски и Аце Станковски успешно ги минаа предвидените модули и со учество и одбрана на сопствениот труд во Хрватска ја добија оваа лиценца.

Иако се уште не е задолжителна, наскоро сите тренери во европските купови и национални репрезентации ќе мораат да имаат „Мастер коуч" и без истиот нема да може да ги водат тимовите.

Симе Симовски е актуелен тренер на женската екипа на Вардар јуниор и селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Аце Станковски сезонава беше помошник во машкиот тим на Вардар јуниор, а претходно работеше и во првите тимови на Вардар во машка и женска конкуренција,.

На двајцата тренери им честитаме и им посакуваме многу успех во нивната професионална кариера.

среда, 6 јуни 2018 - 19:38