Двајца младинци прекомандувани во првиот тим

Сезонава во првиот тим на Вардар шанса да тренираат и да се борат за место на секој натпревар ќе добијат и двајца млади ракометари кои досега настапуваа во Вардар јуниор. Се работи за крилото Ален Ќосевски (2001) и Дејан Кукуловски (1996).

Двајцата ракометари веќе тренираат со екипата и ќе бидат и на подготовките што следуваат. Ќосевски игра на позиција на десно крило, а Кукуловски настапува на бековска позиција.
Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тоа СП ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.

За подготвителниот период со првиот тим ќе тренира и голманот Васко Гогов (2000). Тој ќе биде дел од тимот на Вардар јуниор сезонава а сега ќе ги одработи подготовките со првиот тим со оглед на тоа што недостасуваат голмани.


Летонецот Артус Кугис во моментов е единствен голман. Калифа Гедбан поради семејни причини ќе пристигне на почетокот на август.

Со взаемен договор раскинат е договорот со Марко Мишевски кој досега настапуваше за првиот тим. Тој во иднина е слободен.

 

четврток, 25 јули 2019 - 13:59