Два меча за два дена за Вардар

Ракометарите на Вардар со цел да добијат повеќе време за подготовка за Ф4 турнирот во лигата на шампионите последните натпревари од плејофот ќе ги одиграат со забрзано темпо. Во понеделеник и во вторник двапати ќе бидеме домаќини во СЦ „Јане Сандански".

Во понеделник во малата сала во СЦ „Јане Сандански" ќе го пречекаме тимот на Пелистер во 17 часот.
Веќе следниот ден исто така во малата сала во СЦ „Јане Сандански" ќе играме со Пролет, во 17 часот.

Потоа ќе ни остане само уште натпреварот со Металург од последното коло. Но, доколку триумфираме на овие два домашни натпревари тогаш и теоретски ќе ја обезбедиме титулата во првенството.

Во саботата на гостувањето во Битола кај Еурофарм Работник ние победивме со 39-22 за седми триумф по ред во првенството.

Следната недела треба да ги играме и натпреварите од Купот на Македонија. Во петок играме со Пелистер. Во второто полуфинале од Купот се среќаваат Металург и Еурофарм Работник.
Финалето од Купот се игра во сабота на 19

 

недела, 13 мај 2018 - 16:48