Два европски прваци во Скопје за крај на групната фаза од ЛШ

Француски Монпелје е екипата со која ќе го завршим еиграњето во групната фаза во Лигата на шампионите и ќе мислиме за следниот ривал во Топ-16 фазата. Во сабота во СЦ „Јане Сандански" го играме мечот од 14 коло во Б групата.

Монпелје е двоен европски првак исто како и Вардар. Меѓу двете европски титули на Вардар во 2017 и 2019 година, само францускиот тим успе да ја прекине „црвено-црната" доминација. Тие беа прваци во 2018 година,

Во моментов на табелата Монпелје е на 4 место со 15 бода, еден помалку од Кјелце. Традицијата е на страна на Вардар. Во досегашните 8 натпревари, „црвено-црните" победиле на 6, еден дуел завршил нерешено а само еднаш загубивме, и тоа во полуфиналето на Ф4 во Келн во 2018 година.

Сезонава на почетокот игравме во Франција и тогаш Вардар победи со 33-31. Сега ја затвораме групната фаза од лигата на шампионите и од овј дуел ќе зависи и кое место ќе го освоиме. Во зависност од овој меч и оној во Белорусија мешу Мешков и Порто, ние на крајот можеме да бидеме и петопласирани во групата.

„Нè очекува тежок натпревар во сабота. Нашата примарна цел и пласман во осминафинале ја остваривме против Мотор. Имавме нови проблеми со вироза, двајца ракометари беа болни и не можевме да направиме квалитетен тренинг. Тоа нема да биде изговор за оправдување. Ќе го дадеме максимумот на терен на оваа средба. Она што можеме да кажеме во моментов е дека ќе се бориме максимално за секоја топка. Ние сме домаќини и европски шампиони, но ситуацијата во која се наоѓаме не ни дава за право да кажеме дека сме фаворити. Проблемите кои ги имавме и здравствените од оваа недела ни оставаат една мала резерва", вели Стефче Алушовски, тренерот на Вардар

Нашиот тим има проблеми со играчкиот кадар, па иако Горбок и Калараш имат настинка и не одработеа некои тренинзи се очекува да бидат во тимот во сабота.

„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје кој е апсолутен фаворит на средбата. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме", вели Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар.

Билетите за натпреварот со Монпелје се веќе во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански".

Натпреварот се игра во сабота во 17,30 чаот.

четврток, 27 февруари 2020 - 14:00