Душебаев повторно е најдобар десен бек на колото во ЛШ

Постигна осум голови на дуелот со Целје, одигрувајќи уште еднаш на високо ниво со што Алекс Душебаев повторно доби индивидуална награда од страна на ЕХФ.

Нашиот десен бек повторно се најде во идеалниот состав на колото во лигата на шампионите, а Вардар со триумфот од 35-30 против Целје е на два чекори до директен пласман во четврт-финалето на ЛШ.

Шпанскиот интернационалец е во одлична форма, и секогаш еден од „ударните игли" на составот на Вардар. Неговите голови понекогаш ги излудуваат ривалските голмани, а ги доведуваат до нирвана домашните навивачи. Веќе третпат сезонава нашиот играч се наоѓа во иделаната седморка по некое коло.

Во тимот на колото покрај нашиот Душебаев, се најдоа уште следните ракометари.

Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Габор Чазар (Кадетен Шафхаузен)
Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Фленсбург)
Пивот: Михаел Кнудсен (Бјерингбро-Силкеборг)
Голман: Гонзало Перез Варгас (Барселона)

Видеото од презентацијата на ЕХФ за најдобриот тим на колото

 

понеделник, 27 февруари 2017 - 10:53