Дополнително тестирање на ракометарите на Вардар 1961

Вардар 1961 денеска направи дополнително тестирање за Ковид-19 на сите ракометари и стручниот штаб и сите имаат негативен резултат.

Тестирањето е направено откако еден играч имаше зголемена температура пред неколку дена. Освен зголемена телесна температура, играчот немал други симптоми и во моментов се чувствува добро и се наоѓа во домашна изолација откако неговиот тест бил позитивен.

Членот на клубот од моментот кога имал зголемена температура и истата била констатирана од страна на лекарскиот тим пред влегувањето во салата веднаш бил вратен дома и е ставен во домашна изолација додека да ги добие резултатите. Немал дополнителни контакти со другите ракометари од тимот.

Другите ракометари пропуштија само еден тренинг со оглед на празниците и слободните денови, а по добивањето на резултатите кои се негативни, екипата ќе продолжи со редовните тренинзи и ќе се подготвува за следниот натпревар од ЕХФ лигата на шампионите со Флензбург во четврток во Скопје.

Вардар 1961 пред самиот меч со Флензбург повторно ќе има тестирање на сите играчи со цел да се запази правилото да се тестираат играчите непосредно пред секој натпревар.

 

понеделник, 12 октомври 2020 - 20:24