Дополнителен број на билети во продажба за дуелот со Веспрем

Поради големиот интерес за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Веспрем пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети.

Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за в недела, 1 декември во 17 часот во СЦ „Јане Сандански".

понеделник, 25 ноември 2019 - 10:49