Дополнителен број на билети во продажба за дуелот со ПИК Сегед

Поради големиот интерес за натпреварот од четврт-финалето од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на ПИК Сегед од деенска ќе биде пуштене дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ 500 билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

Цената на билетите е 200 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за четврток, 25 април во 20 часот во СЦ „Јане Сандански".

среда, 17 април 2019 - 08:28