Дополнителен број на билети во продажба за дуелот со Кјелце

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кјелце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети.

Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кјелце е закажан за в сабота, 9 ноември во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански".

петок, 8 ноември 2019 - 15:57