Дополнителен број на билети во продажба за дуелот со Кил

Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска ќе биде пуштен дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.

Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

Цената на билетите е 150 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота, 12 октомври во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански".

понеделник, 7 октомври 2019 - 11:10