Донеси книга и добиј бесплатен билет за натпреварите на Вардар

РК Вардар организира акција за собирање на книги што ќе бидат предадени на македонската заедница во Нашице, Хрватска. На крајот од овој месец (28 ноември 2017) Вардар гостува во рамките од СЕХА Газпром лигата кај Нексе.
Тогаш ќе им бидат испорачани сите собрани книги, и тоа во градската библиотека која изрази подготвеност да ја збогати својата збирка на книги што ќе ги користат нашите сонародници во Нашице и околината.

Доколку и вие сакате да учествувате во акцијата можете да го сторите истото, и за тоа ќе бидете наградени од страна на клубот.
Донеси книга на билетарницата на СЦ Јане Сандански и добиј по 2 ВЛЕЗНИЦИ за натпреварот Вардар - Динамо Панчево и за Вардар - Турингер.

Билетарницата работи секој работен ден од 10:00 - 18:00 часот

Повеќе за акцијата за собирање на книги можете да прочитате на следниот линк.

За сите дополнителни информации за акцијата можете да се информирате на следниот телефон:
++ 389 2 2401 980
или на е-маил: contact@rkvardar.com

 

понеделник, 13 ноември 2017 - 16:44