Доминација: Вардар со најмногу играчи во Ол-стар тимот на ЛШ

Уште пред да почне борбата за титулата во Келн, Вардар веќе има голема повод за славење. Петмина членови на Вардар се најдоа во Ол стар тимот, од што четворица играчи и тренерот Роберто Парондо.

Во изборот на ЕХФ што траеше речиси еден месец, а на предлог на тренерите, соработниците на ЕХФ, медиа тимот беа одредени кандидатите. Потоа навивачите гласаа пред апликацијата на ЕХФ. И во тоа гласање доминираа токму нашите играчи.

Од тимот на Вардар во Ол-стар тимот се најдоа четворица ракометари:
Милосављев - најдобар голман
Дибиров - најдобро лево крило
Кристопанс - најдобар десен бек
Чупиќ - најдобро десно крило
Парондо - најдобар тренер

 

Првпат се случува некој македонски тим да има волку играчи во Ол-стар тимот. По вторпат тренерот на Вардар е најдобар (по Раул Гонзалез), по вторпат во изборот е и Тимур Дибиров.

Голманот Дејан Милосављев ја продолжи традицјата и го наследи Арпад Штербик кој лани беше дел од идеалниот состав.

Ол-стар тим во ЛШ за сезоната 2018/2019
голман: Дејан Милосављев - Вардар
лево крило: Тимур Дибиров - Варддар
лев бек: Микел Хансен - ПСЖ
среден бек: Кентан Мае - Веспрем
десен бек: Даинис Кристопанс - Вардар
десно крило: Иван Чупиќ - Вардар
пивотмен: Хулен Агинагалде - Келце
млад играч: Лудовик Фабрегас - Барселонаи
дефанзивец: Блаж Благотиншек - Веспрем
тренер: Роберто Парондо - Вардар

 

петок, 31 мај 2019 - 11:56