Домаќини сме на Веспрем во осминафиналето на ЛШ на 1 април

ЕХФ заедно со клубовите учесници во осминафиналето ги одредија датумите на одигрување на натпреварите. Вардар1961 во борбата за пласман меѓу Топ-8 екипи ќе игра со Веспрем, и првиот меч е во Скопје.

Според договорот првиот дуел меѓу Вардар1961 и Веспрем треба да се игра на 1 април во 18,45 часот во Сц „Јане Сандански"

Реваншот е седум дена подоцна, на 8 април во Унгарија исто така во 18,45 часот.

понеделник, 8 март 2021 - 12:14

Share on Facebook