Дисингер: Навивачите на Вардар се број 1 во Европа!

Новото засилување на Вардар, Германецот Кристијан Дисингер веќе се запозна со тимот во кој треба да остане најмалку две сезони.

Неговите први реакции се дека со нетрпение очекува да заигра за Вардар и да се запознае со навивачите.

„По три години поминати во Кил, со сите подеми и падови, среќен сум што Вардар ми дава нова ракометна шанса. Кил има одлични фанови, но навивачите на Вардар се апсолутно број 1 во Европа. Јас навистина со нетрпение очекувам да ја запознаат ова земја, народот, културата, големите навивачи и целиот тим на Вардар. Ќе дадам сè за клубот и се надевам дека можам барем малку да придонесам во успешна сезона, изјави Дисингер.

 

четврток, 11 октомври 2018 - 12:28