Дибиров во тимот на колото - Милосављев во Топ-5 одбрани

Победите на Вардар во Лигата на шампионите секогаш им носат и дополнителни индивидулани награди на некои од играчите на македонскиот тим. Во 4. коло од А групата Вардар го победи Рајн Некар со 29-27 и „црвено-црните" останаа лидери на табелата со максимален број бодови.

Во изборот на ЕХФ за идеалниот тим на колото овојпат се најде Тимур Дибиров. Тој беше прогласен и за играч на натпреварот во Скопје. Имаше реализација 8/9, беше подеднакво добар и корисен и во нападот и одбраната. Кога тој е во форма триумфот е загарантиран.

Во тимот на колото се најдоа уште:

лево крило - Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек - Халил Јагањац (Металург)
среден бек - Томас Могенсен (Скјерн)
десен бек - Магнус Род (Флензбург)
десно крило - Аркадиус Морито (Кјелце)
пивотмен - Сењамин Буриќ (ППД Загреб)
голман - Перез де Варгас (Барселона)


Индивидуално признание имаше и за Дејан Милосављев. Новата ѕвезда на Вардар имаше одлични моменти на натпреварот во Скопје. Но, една негова одбрана е избрана за дел од Топ-5 одбраните. Она што Милосављев го одбрани во последните минути при резултат 29-27 беше и клучот за триумфот на „црвено-црните".

 

 

понеделник, 8 октомври 2018 - 08:38