Дибиров во Ол стар тимот на колото - гол на Криштопанс во Топ-5 изборот

Вардар остана на второто место во група А во ЕХФ лигата на шампионите откако триумфираше на гостувањето кај Рајн Некар од 30-27. Победата на „црвено-црните" не остана незабележана од ЕХФТВ и по завршувањето на натпреварите од 11. коло при изборот на најдобрите имаше место и за ракометар на Вардар.

Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во изборот на иделаниот тим на колото. Рускиот интернационалец го предводеше тимот конседмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, иако теоретски има шанса да биде дури и првопласиран.

На три кола до крај на групната фаза Вардар е втор н атабелата со 15 бода, три помалку од лидерот Барселона, а вардарци имаат еден бод повеќе од Веспрем и од Кјелце.

Во изборот на најдобрите седум за 11 коло во ЛШ се најдоа:

лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек: Михал Јурецки (Кјелце)
среден бек: Барис Пукхуски (Мотор)
десен бек: Иван Сршен (Загреб)
десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
пивотмен: Јан Колбахер (Рајн-Некар Левен)
голман: Винсан Жерар (Монпелје)

Покрај изборот на најдобрите седум ракометари, уште еден играч на Вардар се најде на листата на индивидуалните признанија. Гол на Даинис Криштопанс е избран во Топ-5 на колото.

Вискиот Криштопанс постигна гол од цепелин по додавањето на Игор Карачиќ покажувајќи дека може да се снајде во секоја ситуација.

Сите пет Топ-5 гола можете да ги погледнете на следниот линк

 

понеделник, 11 февруари 2019 - 09:24