Дибиров со „деветка“ во првиот триумф сезонава

Подготовките за новата сезона за Вардар траат веќе две седмици, а сега актуелниот европски првак го одигра и првиот официјален натпревар. На турнир во Требиње во првото коло го победивме Борац Бања Лука со 34-30 (18-12). Во вториот натпревар од групата треба да играме со домаќинот Леотар.

Новите играчи што сезонава дојдоа во Скопје првпат играа. Тимур Дибиров постигна девет гола и беше најефикасен на средбата најавувајќи дека и сезонава ќе биде еден од главните играчи. Сите добија шанса да играат, а тренерот Давид Писонеро можеше да види како новите играчи се снаоѓаат во улогите што им се доверени.

Немаше никаква неизвесност во текот на средбата. Вардар имаше предност, диктираше темпо и наметка ритам што го држешр постојано. Тоа резултираше и со предност од „плус 10" гола во второто полувреме, 29-19.

Имавме и шанса да менуваме во тимот, да се вклучат и помладите од вториот тим кои добија можност да тренираат и да играат. Откако се беше решено стигна и менувањето во тимот, воигрување на нови акции, па тоа Борац го искористи да намали резултаски на подносливи „минус 4".

ВАРДАР - Борац Бања Лука 34-30 (18-12)
Кукуловски 1, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 2, Сикошек Пелко 4, Дисингер 3, Атман 3, Скубе 3, Чупиќ 1, Толедо 1, Дибиров 9, Горбок 2, Шишкарев 3, Горпишин 3, Кугис, Гогов

 

петок, 9 август 2019 - 19:05