Дибиров: Сакаме со победа да ја завршиме групната фаза од ЛШ

Вардар е одамна пласиран меѓу 16-те најдобри во ЕХФ лигата на шампионите, а викендов го игра последниот меч од групната фаза. Противник ни е тимот на Монпелје, актуелниот европски првак.
Вардар групната фаза ќе ја заврши најмалку на третото место, а доколку триумфираме а Веспрем загуби, тогаш „црвено-црните" ќе будат второпласирани. Од местото што ќе го освоиме ќе зависи и кој ќе ни биде ривалот во осминафиналето.

„Ова ни е последен дуел од Лигата на шампионите и со победа ќе направиме одличен резултат. Фокусирани сме на натпреварот и сакаме да покажеме дека можеме да го совладаме Монпелје. Сепак, што и како ќе се случи ќе видиме потоа откако ќе ги знаеме другите резултати. Ние мораме да победиме за да можеме потоа да имаме одредени калкулации околу пласманот", изјави Парондо. Имаме 5-6 ракометари кои се жалат на повреди. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играат или ќе одмораат. Ќе видиме од ден за ден колку ќе бидат подготвени и кои ќе можат да дадат 100 проценти на терен. Имаме план А, Б, Ц и Д и тоа на сите позиции. Сепак, можеме да имаме само 16 играчи во ростер, но мораме да размислуваме на тоа кои играчи можат да играат и напад и одбрана", вели Роберто Парондо, тренерот на „црвено-црните

На првиот меч сезонава во Франција триумфираше Вардар.

„Мораме секого да го победиме на домашен терен. Без разлика кој е нашиот противник ние сакаме да победиме. Имаме проблеми со повреди на дел од играчите, но играме дома и сакаме да ја завршиме групната фаза со победа", вели Тимур Дибиров.

Средбата Вардар - Монпелје е закажана за во сабота во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански". Сите што ќе купат билет или веќе имаат купено за натпреварот Вардар - Монпелје од ЕХФ лигата на шампионите ќе можат да присуствуват и на последниот натпревар пред домашна публика сезонава во СЕХА лигата, меѓу Вардар и Мешков.

Билетарницата во СЦ „Јане Сандански" работи секој работен ден од 10 до 18 часот.
Он лајн може да се купат билети постојано. Доколку купите билети онлајн, тогаш заедно со ваучерот треба да дојдете во билетарницата (може и на денот на самиот натпревар) за да ги подигнете бесплатните билети за натпреварот од СЕХА лигата.

Повеќе детали за продажбата и цените можете да најдете на www.ticketplus.mk

 

четврток, 28 февруари 2019 - 12:46