Дибиров постигна еден од најдобрите голови на колото во ЛШ

Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е познат по своите атрактивни потези и голови на натпреварите. И на последниот дуел од лигата на шампионите против Барселона, нашиот играч повторно постигна гол со кој се најде на листата на најдобрите за ова коло.

Вардар загуби минимално со 28-29, но голманот на Барселона, Перез де Варгас сигурно ќе го памети овој потег на Дибиров.

Најдобрите голови, и оној на Дибиров од последното коло на ЛШ можете да ги погледнете тука.

понеделник, 12 февруари 2018 - 10:29