Дибиров е најдобро лево крило во СЕХА во ноември

Нашиот Тимур Дибиров е избран за најдобро лево крило во месец ноември во СЕХА лигата.

Како на почетокот на секој месец и овој пат СЕХА лигата на својот вебсајт го објави најдобриот тим за изминатиот месец, а во него се најде Тимур Дибиров како најдобро лево крило.

Вардар одигра само еден меч во ноември и тоа најтешкиот можен, на гости кај Веспрем. Меѓутоа тоа беше доволно за Дибиров сите да ги убеди дека е најдобро лево крило во лигата. Постигна седум гола во ремито 24-24 и беше еден од најдобрите на паркетот.

Нова шанса за истакнување и Дибиров и сите наши ракометари имаат денеска, во мечот со Макс Струмица кој се игра во 17:45 во „Јане Сандански“.


НАЈДОБАР ТИМ ЗА НОЕМВРИ

голман: Тибор Иванишевиќ (Борац)

лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

десно крило: Хорват (ППД Загреб)

пикер: Растко Стојковиќ (Мешков Брест)

лев бек: Павел Атман (Мешков Брест)

среден бек: Васја Фурлан (Татран Прешов)

десен бек: Алексеј Песков (Татран Прешов)


 

тренер: Растислав Тртик (Татран Прешов)

среда, 2 декември 2015 - 11:40