Дибиров е најдобро лево крило, Штербик и најдобар голман и во топ-5 одбрани

Вардаровата победа против Кјелце со 34-24 беше толку голема што дури двајца играчи од нашата екипа беа одбрани во најдобриот тим на 6. коло од Лигата на шампионите.

Сосема залужено меѓу најдобрите се Арпад Штербик и Тимур Дибиров. Голманот го фрустрираше Кјелце своите одбрани, особено во второто полувреме и заврши со дури 37 проценти одбранети удари.

Нашето лево крило, пак, постигна осум гола од девет обиди и покажа дека секогаш е закана за противниките голови.

Како дополнително признание Штербик беше вбројан и меѓу најубавите одбрани во ова коло и го зазема четвртото место. Топ-5 одбрани на колото можете да ги погледнете на овој линк, а пак за да ја видите најдобрата постава за ова коло кликнете овде.

 

НАЈДОБРИТЕ 7 ВО 6. КОЛО ОД ЛШ

Голман – Арпад Штербик (Вардар)

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Иман Џамали (Кристијанштад)

Среден бек – Расмус Лауге (Фленсбург)

Десен бек – Рамазан Доне (Бешикташ)

Десно крило – Лук Абало (ПСЖ)

Пивот – Рене Тофт Хансен (Кил)

понеделник, 26 октомври 2015 - 10:42