„Десетка“ за успешен крај на годината во ЛШ

Вардар покажа уште едно извонредно издание во Лигата на шампионите, а овојпат во СЦ „Јане Сандански" настрада екипата на Колдинг. „Црвено-црните" победија со 34-24 што е наш шести триумф сезонава во групната фаза.

Ова беше последен натпревар во оваа календарска година за нас во Лигата на шампионите. Следните четири ќе ги играме во февруари и март 2016 година. На четири кола пред крај на групната фаза од ЛШ, нашите моци се на чекор и до теоретското обезбедување на место во осминафиналето. Со двата бода од овој дуел остануваме во игра за второто место што би значелот и полесен ривал во следната фаза. Сега Вардар има 12 бода.

Поради повреда во екипата и на овој натпревар го немаше Игор Карачиќ, па главен организатор на играта беше Лука Циндриќ. Натпреварот го почнавме со „стандардната постава", со Штербик, Тоскиќ, Брумен - Дибиров, Горбок - Циндриќ - Душебаев. И од сам почеток се функционираше како „под конец".

Првите две акции не ги реализиравме преку Брумен и Циндриќ, по затоа потоа нападот беше убоит а одбранат непреобојна. Во првото полувреме имавме само 6 не реализирани напади и постигнавме 18 гола, со процент на реализација од 75 отсто. Арпад Штербик маестрално го предводеше нападот, со седум одбрани за седум минути овозможувајќи им на соиграчите да имаат полесна задача, па и да поведата со 5-1 во 7 минута. Гостинскиот тренер мораше да побара „минута одмор" за да подели некој совет и да ја прекине гол серијата на Вардар. Но, во тоа успеа само делумно, и неговиот тим да не дозволи да прими повеќе голови, туку да остане таа негатива од „плус 4".
Нашите момци повторно имаа добра серија од 18 до 25 минута кога постигнаа седум, а примија само два гола и резултатски се одпеливме на 15-6. Во последните пет минути од првото полувреме, Арпад Штербик имаше уште две одбрани за комплетирање на доминацијата која беше потврдена со вкупно 12 одбрани. Горбок, Цинрдиќ и Дибиров овозможија на полувреме да се замине со десет гола предност, за помирна завршница на натпреварот.

Во второто полувреме многу порелакисрано влеговме, а токму тоа ни донесе и шанса да стигнеме до највисокото водство од „плус 12" во 39 минута (24-12). Но, тука не застанавме. Онаму каде што застана Арпад Штербик (вкупно 14 одбрани), продолжи Страхиња Милиќ кој го замени во последните 18 минути од натпреварот. Колдинг за момент се созеам, намали на „минутс 10", а потоа повторно следуваше наша иницијатива и доминација, за водство од 13 гола предност (29-16 и 30-17). Веќе немаше дилеми дека ќе победиме, и тоа убедливо, и ќе му вратиме на противникот за нашиот пораз во Брондби. Нашето мало опуштање во последните четири минути го искористија ракометарите на Колдинг за намалување на девет гола, но во последната минута Македа ја запечати судбината на гостите кои заминаа со десетка во мрежата.

Следниот натпревар од Лигата на шампионите, вардарци го играат на 11 февруари 2016 година на гости кај Рајн Некар во Германија.

Вардар - Колдинг 34-24 (18-8)

Вардар: Штербик (одбрани 14 топки), Милиќ (одбрани 5 топки), Стоилов, Лацковиќ 2, Брумен 4, Тоскиќ 3, Манасков 3, Македа 2, Душебаев 3, Абутовиќ, Лазаров 1, Циндриќ 4, Дибиров 4, Горбок 2, Шишкарев 1, Марсениќ 3.

Колдинг: Хвид, Карслон 3, Лаен 2, Јоргенсен, Андерсон 3, Спелеберг 6, Ландин 1, Виуде 2, Јенсен 1, Аугустинусен, Кехне 1, Асмусен.

 

сабота, 5 декември 2015 - 19:18