Дејвис: Сакаме победа и во Купот

Вардар утре го игра полуфиналниот меч од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер 2. Средбата се игра во Кавадарци во 17 часот. Тренерот Давид Дејвис вели дека сака да игра во финалето, не е важно против кого, а потоа ќе мисли за противникот.

„Имаме ист притисок како и во натпреварите во лигата. Вардар секогаш победувал и играл на победа. Ние го сакаме и трофејот од купот, подготвени сме. Одбрана секој ден играме добро, и тренираме напорно. Купот е друго натпреварување, нема поправен. Има само еден натпревар и треба да се биде максимално спремен, вели Давид Дејвис.

„Имавме цела недела за тренирање. Игравме веќе со Еурофарм Пелистер 2, но добро е што можеме и да продолжиме да тренираме пред овие натпревари и да подобриме нешто во играта."

„Играње на неутрален терен секако е поразлично. Не секогаш во Купот победува тој што е фаворит. Затоа и треба да се биде внимателен, концентриран..
Сакам да играме финале во недела, не е важно против кого ќе играме".

Вардар има 14 Куп титули досега освоени, вклучувајќи ја и ланската.

 

четврток, 12 мај 2022 - 19:15

Share on Facebook