Даниил Шишкарев и в година во „црвено-црниот“ дрес на Вардар

Десното крило Даниил Шишкарев и во следната сезона ќе биде член на Вардар. Рускиот интернационалец и управата на македонскиот повеќекратен ракометен првак договорија и во сезоната 2017/2018 Шишкарев да остане во Скопје.

За Шишкарев играњето во Вардар е прво интернационално искуство и од 2014 година тој е наш член. Како дел од тимот освои две шампионски титули во Македонија и двапати беше победник на СЕХА Гапром лигата.

Во пролетниот дел од сезоната на неколку натпревари Шишкарев особено отскокна постигнувајќи серија на голови, и првпат со Вардар, а вторпат во кариерата ќе игра и на Ф4 турнирот во Келн, во лигата на шампионите.

Сезонава постигна вкупно 30 голови во натпреварите од лигата на шампионите, од што пет на последниот четврт-финален натпревар против Флензбург во Скопје.

четврток, 18 мај 2017 - 10:01