Циндриќ и Душебаев во Олстар тимот на Ф4 турнирот на СЕХА

Среднот бек на Вардар, Лука Циндриќ е избран во најдобрата седморка, заедно со Алекс Душебаев кој ја доби оваа индивидуална награда за настапот на десната бековска позиција.

Вардар го освои второто место на турнирот откако во финалето тесно, и во последните моменти од натпреварот загуби од Веспрем, 26-28 (15-14).

За нашиот тим од беше четврто финале, од каде имаме два победнички трофеи и двапати го освојувавме второто место. Ние сме еден од двата тима кои настапувале на сите пет Ф4 турнири на СЕХА лигата.

СЕХА лигата во идеалниот тим избра по два играчи од Вардар, Загреб и Веспрем и еден од Мешков.

МВП играч е Момир Илиќ од Веспрем.

Идеален тим на Ф4 турнирот
голман - Иван Стевановиќ (ППД загреб)
лево крило - Кристијан Угалде (Веспрем)
лев бек - Момир Илиќ (Веспрем)
среден бек - Лука Циндриќ (Вардар)
десен бек - Алекс Душебаев (Вардар), десно крило - Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен - Расто Стојковиќ (Мешков)

недела, 3 април 2016 - 22:45