Циндриќ и Дибиров од тимот на месецот во СЕХА лигата

Двајца наши ракометари, Лука Циндриќ и Тимур Дибиров се најдоа во најдобрата седморка за месец февруари во СЕХА Газпром лигата во изборот на медиа тимот на лигата.

По 15 одиграни натпревари, во иделаниот состав се најдоа играчи од три клуба, од Мешков, Веспрем и Вардар, чии клубови постигнаа победи, а ним им се приклучи и еден играч на Војводина, тим кој месецот го заврши без пораз.

Во објаснувањето за изборот за Тимур Дибиров се вели: „Не играше многу, но Русот на крилната позиција во Вардар одигра одлично. Имаше 7 од 10 против Борац, а и против Нексе имаше максимален учинок. И после ЕП, Дибиров игра во добра форма, а со таков Дибиров екипата на Вардар е фаворит против секого.

За изборот на Лука Циндриќ како плејмејкер од СЕХА Газпром лигата напишаа:
„ЕП во Полска во дресот на Хрватска за него беше новост, но и улогата што ја презема во Вардар откако Карачиќ мораше на операција. Беше брилијантен со 11 гола во Нашице против Нексе, а ден порано во Бања Лука постигна 6 гола предводејќи го својот тим кон победа„


НАЈДОБРА ПОСТАВА ВО СЕХА ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ

Голман – Мирко Алиловиќ (Веспрем)

Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек – Павел Атман (Мешков Брест)

Среден бек – Лука Циндриќ (Вардар)

Десен бек – Дајнис Кристопанс (Мешков Брест)

Десно крило – Страхиња Станковиќ (Војводина)

Пивот – Андреас Нилсон (Веспрем)

Тренер: Сергеј Бебешко (Мешков Брест)

 

вторник, 1 март 2016 - 20:38