Четворица вардарци во Ол стар тимот на СЕХА лигата

Вардар заврши како првопласиран во регуларниот дел на табелата во 8 сезона на СЕХА Газпром лигата и доминацијата на убедливоста на „црвено-црните" се гледа и по изборот на најдобрите седум играчи. Овј избор го направија капитените на сите 10 екипи што беа дел од СЕХА лигата сезонава.

Четворица вардарци се најдоа на тој список: Милосављев, Дибиров, Криштопанс и Карачиќ. Веруваме дека имаше место и за уште некој, но и ова е доволен факт за квалитеот на Вардар што го има и што го покажа на натпреварите.

Ол стар тим за сезона 2018/2019
голман - Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило - Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек - Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
среден бек - Игор Карачиќ (Вардар)
десен бек - Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило - Златко Хорват (ППД Загреб)
пивотмен - Марин Шипиќ (Нексе)

тренер - Маноло Каденас (Мешков)

МВП - Златко Хорват (ППД загреб)

Дефанзивец - Павел Хорак (Мешков)

 

четврток, 21 март 2019 - 12:28