Четворица вардарци во Ол стар тимот на Ф4

Двете убедливи игри на Вардар на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, освојувањето на трофејот по третпат и прекинот на двегодишната доминација на Веспрем, беше доволно за новинарите да им дадат доверба на четворица наши играчи да се најдат во изборот на идеалната седморка.

Во полуфиналето Вардар прво го декласираше ППД Загреб со 36-28, а потоа во финалето го победивме и Весрпрем со 26-21. Вардар е единствениот тим што успеал трипати досега да го освои трофејот на СЕХА. Тимур Дибиров по вторпат е во идеалната седморка, а за Чупиќ, Борозан и Кањељас ова  епрвпат да бидат дел од „избраното друштво“.

Покрај тоа што имавме четворца играчи во најдобрите седум, наградата за МВП дојде во рацете на Жоан Кањељас. За најдобар играч беше избран Ласло Наѓ од Веспрем.

Ол стар тим на Ф4 турнирот

голман - Мирко Алиловиќ
лево крило - Тимур Дибиров
десно крило - Иван Чупиќ
пивотмен - Андреас Нилсон
лев бек - Вуко Борозан
среден бек - Жоан Кањељас
десен бек - Дајнис Криштопанс

Најдобар одбранбен играч - Ласло Наѓ
МВП играч: Жоан Кањељас

понеделник, 10 април 2017 - 14:59