Четворица вардарци на списокот за двомечот со Исланд

Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес го објави поширокиот списокот на ракометари за квалификациските натпревари со репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП Хрватска 2018.

На истиот спиок има 13 интернационалци и четворица играчи од Вардар: Стојанче Стоилов, Мартин Поповски, Владо Недановски и Даниел Ѓорѓески.
Во репрезентацијата по извесна пауза се враќаат и Борко Ристовски, Аце Јоноски и Немања Прибак.

Првиот меч против Исланд се игра во Скопје на 4 мај, додека втората средба во Рејкјавик е закажана за 7 мај. До крајот на квалификациите за ЕП, Македонија ќе игра уште против Украина на гостински терен и против Чешка дома, во натпревари кои ќе се одиграат на средината на јуни.

Поширок список на ракометари

1. Борко Ристовски FC BARCELONA
2. Мартин Томовски РК МЕТАЛУРГ
3. Дејан Манасков RHEIN-NECKAR LOWEN
4. Гоце Ојлески HC ODORHEI
5. Гоце Георгиевски CSM BUCURESTI
6. Стојанче Стоилов РК ВАРДАР
7. Никола Маркоски OROSHAZI FKSE-LINAMAR
8. Филип Лазаров CS UNIVERSITATEA TIMISOARA
9. Аце Јоновски BERGISCHER HC
10. Немања Прибак BESIKTAS
11. Жарко Пешевски РК МЕТАЛУРГ
12. Кирил Лазаров FC BARCELONA
13. Влатко Митков HC KREMS
14. Филип Талески RHEIN-NECKAR LOWEN
15. Филип Кузмановски РК МЕТАЛУРГ
16. Велко Маркоски RK PPD ZAGREB
17. Мартин Поповски РК ВАРДАР ЈУНИОР
18. Филип Миркуловски HSG WETZLAR
19. Никола Митревски S.L BENFICA
20. Марко Нелоски РК МЕТАЛУРГ
21. Мартин Велковски РК МЕТАЛУРГ
22. Никола Крстески РК МЕТАЛУРГ
23. Горан Крстевски РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК
24. Дарко Димитриевски РК БОРЕЦ
25. Костадин Петров РК МЕТАЛУРГ
26. Кирил Колев РК ПЕЛИСТЕР
27. Владо Недановски РК ВАРДАР ЈУНИОР
28. Даниел Ѓорѓески РК ВАРДАР ЈУНИОР

четврток, 20 април 2017 - 11:37