Четворица вардарци на списокот на селекторот Данило Брестовац за ЕП 2020

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за следното ЕП 2020 во Австрија, Норвешка и Шведска. на тој список има и четири ракометари од Вардар.

На поширокиот список од 28 ракометари се наоѓаат и: Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Дејан Кукуловски
и Стојанче Стоилов.

Подготовките стартуваат на 21 декември со собирот во Скопје, потоа до крајот на годината ќе следуваат пет контролни натпревари против Кувајт, Холандија и Романија или Алжир, а на почетокот на јануари нашите ракометари ќе тестираат со Словенија и Црна Гора.

Настапот на континенталниот собир го почнуваме против Украина на 10 јануари, на 12 играме со Чешка, додека на крајот на групната фаза ќе се соочиме со домаќинот Австрија.

 

 

 

четврток, 5 декември 2019 - 14:18