Четворица вардарци на репрезентативниот списокот за квалификациите за ЕП 2022

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за првите два квалификациски дуели од ЕП 2022 година.

На списокот се нашите играчи: Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 04.11.2020 (среда) против репрезентацијата на Финска.

Вториот натпревар против селекцијата на Швајцарија ќе се одигра во градот Цуг, Швајцарија со почеток во 18:30 часот на ден 07.11.2020 (сабота).

Список на повикани ракометари

четврток, 29 октомври 2020 - 13:27