Честит Рамазан Бајрам!



„На верниците од исламската вероисповед им посакуваме овој празник да го прослават во радост и среќа, со топли чувства кои ќе го исполнат семејниот дом. Меѓу најблиските се наоѓаат темелите на човековата сила, издржливост и енергија за справување со сите животни предизвици. Ваквите големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.
Празникот Рамазан Бајрам нека ни даде поттик и нека ни носи мир во душата, благодет во семејството и среќа во заедницата"

недела, 25 јуни 2017 - 19:46

Share on Facebook