Цепелинот на Дибиров и Шишкарев и одбраната на Ангелов избрани во Топ-5

Како бонус за фантастичната победа над Рајн-Некар вардарци добија индивидуални признанија во изборот на ЕХФ ТВ.

Во изборот за најатрактивни голови, цепелинот на Даниел Шишкарев како асистент и Тимур Дибиров како реализатор е пласиран на третото место.

Петар Ангелов, пак, кој имаше второ полувреме од соништата заслужи да биде на петтото место со одбранетиот зицер на ударот на Менса Ларсен.

На видеово подолу се најубавите пет гола, меѓу кои и нашиот цепелин, а најдобрите одбрани можете да ги видите на овој линк.

Top 5 Goals - VELUX EHF Champions League Round 4

A beautiful last-gasp equaliser from Elverum Håndball Herrer's Andre Lindboe fights off glorious competition to place first in the Top 5 Goals!

Posted by EHF Champions League on Monday, October 12, 2015

ТИМ НА КОЛОТО

Голман: Никлас Ландин (Кил)

Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Габор Часар (Кадетен Шафхаузен)

Лево крило: Андерс Егерт (Фленсбург)

Десно крило: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)

Пикер: Алберт Кристеску (Баја Маре)

понеделник, 12 октомври 2015 - 18:20