Брест е домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата

Белоруски Брест ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА ГАзпром лигата. Извршниот комитет на СЕХА Газпром лигата ја донесе одлуката со која Белорусија првпат ќе ги нагости најдобрите четири екипи од регионалното ракометно натпреварување.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 7 до 9 април. Во полуфиналето ќе играат Вардар - ППД Загреб и Веспрем - Мешков. Овие натпревари се закажани за 7 април, а финалните се на 9 април.
Сите натпревари ќе се одржуваат во салата Викторија во Брест.

Големо задоволство ни е да го организираме Ф4 турнирот заедно со Мешков Брест и сигурни сме дека Ф4 ќе биде незаборавно доживување за Мешков Брест, Белорусија, градот Брест, и сите фанови од Белорусија. Клубот секоја година сѐ повеќе напредува и заслужија да го донесат најдоброто од регионот во нивниот град и земја и среќни сме што шестото издание на Ф4 е во Брест, изјави Синиша Остојиќ, директорот на СЕХА Газпром лигата.

Мешков се приклучи на СЕХА лигата во втората сезона (2012/2013) и оттогаш се постојани учесници на Ф4 турнирите. Двапати беа четвртопласирани, и двапати втори.
„Огромна чест за нас е, голем празник за навивачите во нашиот град. Ќе се обидеме да го организираме ова на највисоко ниво. Постојани учесници сме на Ф4, но никогаш досега не сме победиле. Се надевам дека пред домашна публика ќе успееме да го освоиме пехарот, изјави Павел Башкин, спортскиот директор на Мешков Брест.

Ф4 турнирот ќе биде директно пренесуван во девет земји и следните денови ќе биде потврден и распоредот на играње на натпреварите.
Наското ќе има и детали за продажба на влезниците.

 

понеделник, 20 март 2017 - 12:14